ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ ОСТАНЕ КЛУЧОТ КАЈ НЕГО ИЛИ КОЊАНОВСКИ ЌЕ ГО ПРЕДАДЕ НА НЕКОЈ ДРУГ?

Уште неколку недели Коњановски ќе треба да почека за да дознае кој ќе му биде противкандидат од најголемата опозициска партија СДСМ.

Ако се суди по вчерашната изјава на Филипче, тоа ќе биде во првата половина на јули.

Од овој регион, СДСМ во првиот бран ги објави кандидатите и за Ресен, Крушево, Новаци и Могила, но не и за Битола, како што не објавија и за голем дел од поголемите општини во Македонија, бидејки процедурите се уште траеле. Во меѓувреме, општината е пред нов ребаланс на буџетот, реализацијата на проектите од првиот повик на владата, па се чекаат резултатите од вториот, што за опозизцијата ќе биде купување гласови за есенските избори. Пратеникот Милевски вели дека веќе се чувствувало оти овој, нашиот регион добивал приоритет.

Веќе зборувавме за Советот под маски, односно како започна во тогашната 2021 година, а ова се кадри од моментот пред примопредавањето на функцијата градоначалник. Коњановски со соработниците на почетокот на ноември 2021 година влегоа во оопштината, администарцијата ги пречека, а горе во кабинетот и тогашната градоначалничка.

Ќе си ја самопредаде функцијата, се разбира ако победи или ќе ја предаде на друг, ако загуби на изборите или клучот од општината ќе остане кај него или Коњановски ќе го предаде на некој друг, одговорот некаде кон крајот на октомври.