ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ НАБАВУВААТ НОВИ ПОЗДЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Измените и дополнувањата на програмата за животна средина за 2025 година се најдоа на комисиската расправа на Комисијата за животна средина, неколку дена пред програмата да се најде на пленарната седница, каде ќе треба да се гласа и ребалансот на буџетот, кој пак е скроен и согласно предложените измени во програмите.

Една од измените се однесува на управувањето со отпад, а дугата е во делот на изработка на катастар на отпад и негово ажурирање и редизајнирање на постоечки простори за одлагање и селекција на отпад.

Планирано е поставување на подземни садови за комунален отпад. Имаше прашање колку подземни контејнери ќе бидат поставени и која е сумата.  Околу 2,4 милиони денари тоа би чинело според пресметките на „Комуналец“, рече Валентина Андријашевиќ-Кривашија, раководителка на одделението за урбанистичко планирање и животна средина.

На комисиската расправа се зборуваше и за субвенцинирање на зелени поени со вендинг машините. За еден милион денари се бара зголемување на средствата.

Таа вели дека субвенционирањето на зелените поени е согласно потпишаниот договор од 2024 година, а советникот Корлевски праша за вендинг машините, за тоа дали може тоа да го прави „Комуналец“ и да останат во сопственост на општина Битола.

Два „за“, еден воздржан, против немаше, така беше гласањето на комисиската расправа.