ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ САМОРАСПУШТАТ ИЛИ МАТЕМАТИКАТА НЕ ИМ Е ТАКВА?

Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во четвртиот квартал од ланската 2024 година, предлог завршната сметка за 2024 година и предлог годишниот извештај на општината за 2024 година се дел од точките кои ќе се најдат на пленараната редовна седница на советот на Општина Битола.

Претходно на Комисијата за финансии и буџет се најдоа и овие точки.

„Во текот на 2024 година се донесени две одлуки за проширување на буџетот, две одлуки за пренамена на буџетот, како и две одлуки за изменување и дополнување на буџетот на Општина Битола за 2024 година“ рече Стефани Најденовска-Димовска, претставничка од Општина Битола.

Потоа следуваше објаснување за тоа како се остварени даночните приходи.

Прашања од левата страна за планираното и оствареното. Математичките операции најверојано доминираа оти се зборува за парите, а Корлевски се интересираше колкав е процентот на реализација за четвртиот квартал.

„Колкав е процентот на четвртиот квартал, реализација“ праша советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

„Реализацијата на вкупните приходи 81,73 проценти, а во расходниот дел 81,73 проценти“ одговори Најденовска-Димовска.

„Колку е годишниот вкупниот процент на реализација“ праша Корлевски.

„Истиот процент на реализација е на последниот квартал со годишниот“ му беше одговорно.

„83 со 83. И раскодниот е исто 81 процент? праша советникот од СДСМ.

„81,73 проценти, колу што е и годишниот“ одговори претставничката од Општина Битола.

Прашање и за тоа колку пари има на буџетската сметка заклучно со 10 март, одговорот беше дека писмено ќе биде одговорено.

Да не беше изборна година, односно да не ни беа изборите на прагот, завршната сметка на општината најверојано ќе предизвикаше политички турболенции, како што тоа сме го виделе во изминатите години.

Мнозинството во Советот и да не се согласува со оваа завршна сметка, не било логично да не се изгласа, велат познавачите на приликите, оти тоа ќе отвори пат за распуштање на Советот, а сега политичките партии се во друг филм, кој од лицата да се наместат на кандидатските листи за идниот состав на Советот.

Кварталниот извештај за четвртиот квартал беше гласан со 2 гласа „за“ и 3 воздржани, исто така и завршната сметка со 2 „за“ и 3 воздржани.

Ако ова се преслика и на пленарната седница ќе имаат проблем, односно неносењето до 31 март повлекува распуштање на Советот.

Коорднаторот на СДСМ, Петар Николовски вели дека чекале одговори од општината, а потоа ќе одлучеле дали ќе гласаат „за“. Прашан дали таков луксуз на распуштање би си дозволиле сега во изборна година, вели не е наше да обезбедуваме мнозинство во Советот, тоа е работа на десната страна.

А, десната страна изгледа комотна како и досега. Очекува дека ќе се изгласа сметката оти како што вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски пред фактите и боговите молчат, а тоа е дека реализацијата е  81,73 проценти, со рекорден број на инфраструктурни проекти во развојната програма и програмата за уредување на градежното земјиште.