ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ УСПЕAT ЛИ ДА ЈА ДОНЕСАТ НОВАТА ПРОГРАМА ЗА УРБАНА ОПРЕМА?

Работното тело за изготвување на нова програмата за поставување урбана опрема на јавни површини во општина Битола го почна состанокот кој беше најавен уште пред 11 месеци, рече на почетокот на седницата советничката Анастасија Трајковска која е претседателка на ова тело. Во меѓувреме како што кажа Трајковска Општина Битола објави јавен повик за изготвување на ваква програма, чија изработка е отпочната, а изработувачите присуствуваа на оваа седница. Целта на овој сосанок кој се одржа пред повеќе од две недели беше членовите на ова тело да ја разгледаат нацрт верзијата, да се дадат забелешките пред таа да се испрати во министерството за транспорти и врски и министерството за култура на одобрување.

Нацрт верзијата ги дефинираа поимите за урбана опрема и на која површина може да се поставува. Во презентацијата беа наведени  19 точки и локации во Општина Битола на кои би се поставувало урбаната опрема, како и за запазувањето на минимални мерки кои се законски пропишани.

Безистен, старата битолска чаршија, плоштадите, градското шеталиште, новиот пазар, ул. Широк Сокак и новата урбана населба попозната како АРМ, се локациите кои се предмет на дефинирање за урбаната опрема со нејзината функционалност и законската регулатива.

Бојкоски со две предлози за оваа програма, локации со полначи за електрични велосипеди и санитарни јазли на неколку локации.

Стручна фела ја изготвува програмата, а ова е моментот кога вие треба да го дадете предлогот, беше одговорот на Трајкоска на прашањето дали во овој тим за изработка има претставник на угостителите.

Кажа дека смета оти недела дена е коректен рок за да ги добијат нивните предлози и да се координираат, кои како што рече, ако се согласно закон ќе можат да бидат разгледани и вметнати во програмата. Оваа програма не се однесува само за поставување урбана опрема од страна на угостителите на нивните тераси или пред објектите, туку и за автобуските постојки, корпите за отпадоци, клупите, канделабрите и се она што се поставува на јавна површина. Кон крајот на седницата повторно за угостителските објекти, односно нивното оградување во зимско време.

Ќе успее ли овој состав на Советот да ја донесе новата програма за урбана опрема, ако се има предвид дека локалните избори наскоро ќе бидат распишани, а до нивното одржување практично Советот ќе има условно речено врзани раце.