Реката Драгор е крвотокот на Битола. Така се вели за сите реки кои минуваат низ градови и населени места. Во неа последниот период се помалку вода. Времето е жешко, климатските промени го даваат својот негативен ефект врз животната средина. И битката против тоа е тешка, долгорочна, а ефектите не се чувствуваат веднаш, а некои велат дека е и задоцнета.
Но, она што зависи од факторот човек, тоа барем може да се среди. Ова е делот од реката Драгор кој поминува крај старата чаршија или од кај рибарниците па нагоре. Обрасната со треви и грмушки од двете страни.
Убаво е кога пријатната улица со кадрма, клупи за седење, канделабри се гледа навечер. Горе светлина, долу темнина и ништо не се гледа, од она што денски може да се види.
Пред еден од мостовите и мало острово, обраснато со висока трева. Вакавата состојба ја нагрдува вкупната слика за нашата Битола. Сега во лето е проблем заради инсекти, а можеби и скривалиште за змии и гуштери, а и не е пријатно туристите кои ја крстарат Битола и го преминуваат Драгорот, да не можат да ја видат водата која колку што е толку е.
Ќе се симнат ли долу надлежните со механизацијата да ја средат реката? Иако можеби и досега требаше тоа да се реши и да го почнеме летото без страв, од условното речено, џунглата под нас.












