ТЕРА

REKLAMA???

АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ТОЛПА НАВИВАЧИ ВО ЛИВЕРПУЛ

Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул, јави ДПА.

Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е идентификуван како возач на автомобилот од Ливерпул.

Според полицијата, 27 лица се пренесени во болница, а уште 20 се лекувани на самото место. Четири деца се меѓу повредените, од кои едното е со сериозни повреди. Двајца од повредените се во тешка состојба

МИА