„Амнести интернешенел“ ги повика земјите од Европската унија да престанат да му доставуваат оружје на Израел, во писмо до првиот дипломат на блокот, Жозеп Борел. Групата за човекови права, исто така, побара од ЕУ да не инвестира или да тргува со израелски населби на окупираните палестински територии, што беше оценето за нелегално во неодамнешното мислење издадено од Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.
Писмото е испратено пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел на кој ќе се разговара за војната во Газа меѓу Израел и Хамас, која започна со масакрот на Хамас врз израелските цивили во јужен Израел на 7 октомври. Во јули, МСП во необврзувачко советодавно мислење рече дека речиси 60-годишната окупација на палестинските територии од страна на Израел го прекршува меѓународното право и мора да заврши што е можно поскоро.
Иако одлуката на т.н Светскиот суд не е обврзувачки, тој е значаен бидејќи има авторитет на меѓународното право и може да ја ослаби поддршката за Израел. Највисокиот суд на Обединетите нации соопшти дека израелските населби, кои се изградени на окупираните палестински територии, се нелегални.
Уште повеќе, нивната најнова истрага открила дека израелските сили не ги презеле сите можни мерки на претпазливост за да се избегне или минимизира штетата на цивилите, што, препорачува организацијата за човекови права, би требало да се истражи како воено злосторство.
Амнести Интернешнл












