Синоќа, Извршниот одбор на ЛДП го отфрли Францускиот предлог кој циркулира во јавноста, соопштија од партијата на Милевски.
„Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот.
Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција.
Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси. Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација“ соопштија од ЛДП.
Вчера и претседателот на партијата, кој е министер за локална самоуправа во Владата на Ковачевски рече дека доколку биде прифатен францускиот предлог, тој ќе ја напушти Владата на Македонија.












