ТЕРА

REKLAMA???

Америка ќе ја снабдува Европа со гас

Американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на Брисел и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен најавија формирање на заедничка група за ставање крај на зависноста на Европа од руската нафта и гас.

Групата, со која ќе претседаваат претставници на Белата куќа и на Европската комисија, ќе има за цел да најде алтернативно снабдување со течен нафтен гас и да ја намали општата побарувачка за гас, наведува Си-ен-ен.

САД ќе работат на снабдување на Европа со најмалку 15 милијарди кубни метри течен гас во 2022 година, во партнерство со други земји.

Русија е главен снабдувач на енергија во Европа, а нејзината војна со Украина предизвика цените на енергијата да достигнат рекордно високо ниво.

Европскиот блок веќе соопшти дека ќе престане да користи руски гас како одговор на руската окупација на Украина.