ТЕРА

REKLAMA???

АРХИТЕКТОН И ГРАФОПРОМ МОЛЧАТ ТРИ ДЕНА: ДАРИТЕЛИ НА “ТАЈНИ“ УСЛУГИ БЕЗ ОДГОВОРИ ЗА ЈАВНОСТА

Иако Архитектон и Графопром се промовираат како компании кои „донираат” за јавниот интерес, нивниот трет ден молк отвора сериозни сомнежи за начинот на кој се реализирани интервенциите на стадионот. Двете фирми Архитектон, која донираше надзор, и Графопром, која ја изведе конструкцијата и ги постави банерите за брендирањето на стадионот одбија да одговорат на суштинските новинарски прашања кои јавноста ги заслужува.

Нашите прашања беа едноставни, директни и јавно значајни:
Колку чинеше изведената работа?

Што точно беше изведено? Кој издаде дозвола за интервенциите?
Кога започна и кога заврши изведбата?

И дали постои преддоговор или договор со општината?

Одговори нема. Три дена.

Во време кога секој потег што се прави на јавен простор мора да биде транспарентен, ваквото игнорирање не е само некоректно, туку и алармантно. Наместо да ја искористат можноста да докажат дека нивните донации се чисти, регуларни и од јавен интерес, Архитектон и Графопром избраа да молчат. А молкот носи прашања.

Кој ги одобрил работите?
Кој ја проценил вредноста на донациите?
Зошто нема документи достапни за јавноста?
И зошто фирми кои се претставуваат како донатори се однесуваат како да треба да кријат нешто?

Јавноста има право да знае. Општината должи транспарентност. А фирмите донатори уште повеќе.

Продолжуваме да бараме одговори. Молкот не е одговор.