ТЕРА

REKLAMA???

Бабарите го раздвижија снежно Цапари

Повеќе од 50 учесници продефилираа на традиционалниот карневал што денеска се одржа во битолското село Цапари.

Учесниците беа облечени во уникатни и креативни маски, а посетители од цела Македонија, имаа можност да уживаат во богата програма и традиционалната карневалска атмосфера.

Ова е традиција која се пренесува од колено на колено со векови. Главната цел на маскирањето, според верувањата, е преку бучава и страшни маски да се избркаат лошите духови и „некрстените денови“ за годината да биде плодна и среќна.

Карневалот во Цапари не е само забава; тој е идентитетски симбол за жителите на селото. Дури и оние кои се иселени од Цапари низ светот (особено во Австралија и Канада), често се враќаат токму за овие денови за да ја продолжат традицијата.