ТЕРА

REKLAMA???

БАДНИКОВА ВЕЧЕР ВО МАНАСТИРОТ СВЕТИ МЕРКУРИЈ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ

По повод празникот Бадник, вторник, на шести јануари ќе се одржи вечерна богослужба во манастирот Свети Меркуриј во битолското село  Барешани, информираат од манастирот.

„По повод Бадник, на 06.01.2026 (вторник) ќе се одржи вечерна богослужба со почеток од 17:00 часот во манастирот Св. Меркуриј и ќе има литија до црквата Св. Димитриј и ќе се делат бадникови гранчиња и поклончиња за деца до седум годишна возраст, а на 07.01.2026 (среда) Божиќ ќе се одржи служба во 09:15 часот во црквата Св. Димитриј“ , соопштуваат од манастирот Свети Меркуриј во селото Барешани.