ТЕРА

REKLAMA???

БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Точно на пладне, од плоштадот „Магнолија“ започна Бадниковата поворка во Битола. Учесниците не ги поколеба дождот да бидат дел од оваа прекрасна манифестација која носи Божикна радост и топлина во срцата.

Тие со Божиќни ѕвезди во рацете се движат по Широк Сокак се до Офицерскиот дом,  каде организаторите за сите учесници подготвија како што велат убаво музичко патување.

На Бадниковата поворка ќе се пее „Вечниот Бог“.

Инаку, по оваа  Божикна манифестација,  Македонија последните години стана препознатлива и надвор од границите, велат организаторите.

Според информациите од повеќе од 80 општини и населени места низ Македонија, како и од македонската дијаспора во Италија, Австрија, Словенија и Соединетите Американски Држави, годинава се очекува уште поголемо учество и вклученост.

Со тоа уште еднаш се потврдува дека Бадниковите поворки како манифестација го обединува народот и ги поврзува генерациите.