Алармантна е ситуацијата вечерва и во преспанското село Љубојно. Од поројните дождови водата стигна до пред портите на куќите.

Мештаните велат ако се дозволи сечење на шумата во вакви врнежливи периоди ќе биде уште полошо.


Тие бараат да се извлечат поуки од ваквите природни непогоди каде човечките одлуки можат да имаат клучно значење за конечниот исход од секоја временска непогода.












