ТЕРА

REKLAMA???

БАС НА МАГНОЛИЈА ОДРЖА ХУМАНИТАРЕН ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден БАС уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост. Студентите од Кариерниот центар на БАС денеска на плоштадот Магнолија во Битола организираа хуманитарен Велигденски базар, каде битолчани имаа можност да купат велигденски украси и со тоа да ја покажат својата хуманост.

Средствата кои ќе ги соберат од велигденскиот базар, БАС ќе ги донира за децата од Заводот Кочо Рацин во Битола.

Во Кариерниот центар членуваат 32 студенсти кои за овај велигденски базар се подготвувале околу еден месец.

Ова не е прва хуманитарна акција која што ја спроведува БАС. Досега повеќе пати на дело ја покажале својата хуманост со организирање на новогодишни хуманитарни и крводарителски акции.