ТЕРА

REKLAMA???

БАЈДЕН ГИ ПОТПИША ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО НА ШВЕДСКА И ФИНСКА ВО НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи за ратификација со кои се одобруваат кандидатурите на Финска и Шведска за влез во НАТО. Бајден рече дека очекуваниот влез на двете нордиски земји во Алијансата откако ќе ја добијат поддршката од сите 30 членки ќе биде „момент на пресврт“ за НАТО и „за поголема безбедност и стабилност не само на Европа и САД, туку и на светот“. Бајден ги потпиша документите – формално наречени инструмент за ратификација – на церемонија во Белата куќа на 9 август. Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Тие ги завршија пристапните разговори со Алијансата во минатиот месец.

Сенатот на САД во минатата недела го поддржа проширувањето со гласање од 95 спрема 1. Членовите на Конгресот ги опишаа Шведска и Финска како важни сојузници чии модерни војски веќе тесно соработуваат со НАТО.