Стотици војници, пожарникари и други спасувачи цела ноќ пребаруваа по урнатините на трговскиот центар во централниот украински град Кременчук, кој вчера беше погоден со две руски ракети додека бил полн со луѓе. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека во моментот на нападот внатре имало над илјада луѓе.

Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините „пресметани“ воздушни напади врз трговски центар во градот Кременчук, велејќи дека тоа е „терористички чин“, пренесе „Анадолија“.
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени откако Русија изврши напад врз трговски центар во Кременчук за време на голема гужва во понеделникот.

– Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И тоа мора да биде правен факт – рече Зеленски и додаде:
„Секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортот на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите“, рече тој.
Рускиот напад на цивили во трговскиот центар е суров, смета американскиот претседател, Џо Бајден.
Се солидаризираме со украинскиот народ. Како што покажавме и на Самитот на Г7, САД заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжиме да бараме Русија да биде одговорна за такви ѕверства и ќе ја поддржуваме украинската одбрана, напиша Бајден на Твитер.
Според најновите информации, загинати се најмалку 18 лица, а повредени 59 при рускиот напад врз трговски центар во украинскиот град Кременчук.

Денеска Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе одржи итен состанок за Украина.
Итниот состанок го побара постојаниот претставник на Украина во организацијата, Сергеј Кислица.
Тој во писмо до претседавачаот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, побара состанокот да се одржи под точката „Одржување мир и безбедност во Украина“.












