ТЕРА

REKLAMA???

БАЈДЕН НА СРЕДБА СО ЛИДЕРИТЕ НА НАТО ОД ИСТОЧНОТО КРИЛО

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден ја завршува својата четиридневна посета на Полска и Украина.
Пред да замине од Варшава Бајден ќе разговара со лидерите на Групата Букурешт 9 (Б9).
Во оваа група членуваат земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија.

Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, на што се обврзаа САД по почетокот на војната во Украина. Ќе се разговара и за можностите за зголемување на меѓународните бригади кои беа создадени како средство за подобрување на безбедноста во земјите во непосредна близина на Русија.