Владата денеска треба да ги утврди највисоките цени на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлуката ќе бидат опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот.
Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени.Бектеши воедно ги повика граѓаните да дадат придонес во дополнување на листата производи.
„Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно“, напиша министерот.
Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестенините, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама.












