ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ, ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, и  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини  85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, така ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  ќе се продава по цена од  72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50
ден/лит, и ќе изнесува 71,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг, и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 39,391 ден/кг. 

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,29%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.