ТЕРА

REKLAMA???

БЕРЛУСКОНИ БОЛЕДУВА ОД ЛЕУКЕМИЈА

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му е дијагностицирана леукемија, изјави добро упатен извор за „Ројтерс“.

Берлускони од вчера се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаел“ во Милано поради срцеви проблеми и проблеми со дишењето.

Италијанската новинска агенција „Анса“ објави дека состојбата на Берлускони останува сложена, но стабилна и дека лекарите постојано го следат.

Берлускони, кој четири пати беше премиер, во последните години имаше бројни здравствени проблеми, а минатата недела беше пуштен од болница и потоа состојбата му се влоши, по што повторно беше хоспитализиран.