Oва лето „Стрежево“ ќе има вода за сите корисници – градот, индустријата, земјоделците, рек. земјоделците ќе мора водата да ја користат контролирано, што е промена од досегашната практика којашто не овозможуваше добра контрола, туку напротив, одлевање и нефикасно користење. Менаџерскиот тим е фокусиран на подготовка на законските решенија за да може да се обнови хидросистемот стар 50тина години.
Непосредно пред сезоната за наводнување во Стрежево има доволно вода за сите корисници. До почетокот на месец јуни ЈП Стрежево работи на зафаќање на водата, а потоа ќе започне со потпишување на договорите со земјоделците што се реализира годишно.

Многумина од земјоделците изразиле загриженост имајќи го минатогодишното искуство, па Бешлиевска информира и дека во јуни ќе направат директни средби со земјоделците.
Наплатата кај претпријатието е добра, има девијантни појави како кражба на вода но тоа е работа на правосудните органи, ЈП Стрежево се соочува со потреба од градежни инженери, механичари, па и администрација што ќе ја води работата наместо бројните биотехнолози кои биле вработени во изминатиот период. Претпријатието нема долгови, се работи со планирана загуба што произлегува од амортизацијата. Имено, хидросистемот има потреба од инвестициони вложувања, „неможе да се зборува за целосна реконструкција на одделните објекти, а јавното претпријатие секојдевно спроведува санација на мрежата стара 47 години.“ – вели Бешливеска.

Владата и министерството за земјодество, водостопанство и шумарство работата на измени на законското решение за водостопанство, креирањето на 10 годишниот акционен план за приоритетни вложувања во хидросистемите и системите за наводнување, решенија кои сепак не се довршени пред сезоната на земјоделците.












