Вистински бејби бум во приватната болница „Плодност“ во Битола, во Новата 2026 година.
На вториот ден од Новата година, во болницата се родиле 8 новороденчиња, од кои четири се машки и 4 женски.
„Првиот ден во Новата година немавме породувања. Но, вториот ден од 2026 година во Болницата „Плодност“ започна со живот.
Се родија 8 новороденчиња. Меѓу нив и предвремено родени близнаци од Прилеп, машко и женско, кои се во сигурни раце и под внимателна грижа на нашиот лекарски тим“, информираат од Приватната болница „Плодност“.

Од болницата додаваат дека пет новороденчиња се од Прилеп, по едно новороденче е од Битола, Ресен и Росоман.

Инаку, минатата 2025 година во Болницата „Плодност“ се родија 749 бебиња, што е околу педесет бебиња помалку од претходната година.
Оттаму додаваат дека падот на наталитетот, го следи националниот тренд во Македонија.












