Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе и основач на „Мајкрософт“, е позитивен на коронавирус.
66-годишниот Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и дека примил и засилена доза од вакцината.
Во последниве месеци, Гејтс, ко-основачот на Мајкрософт и мултимилијардер, ги насочи своите значајни ресурси на пандемијата.
На почетокот на годината Гејтс порача дека коронавирусот, „штом омикрон ќе помине низ земјата, ќе може да се третира повеќе како сезонски грип“












