ТЕРА

REKLAMA???

БИТКА ЗА ДОНБАС

Руските војници денеска се поблиску до центарот на источниот украински град Северодонецк во жестоката битка која ја водат со украинските сили. Руските сили во агресивниот напад заземаат улица по улица, при што, најголемиот дел од градот е во урнатини, пишува Радио Слободна Европа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во источниот украински регион Донбас, кој е под бомбардирање со недели, е „исклучително тешка“ бидејќи Русија таму ја ставила „максималната борбена моќ“ на својата војска.

Сепаратистички лидер поддржан од Москва во источниот регион Луганск во Украина, Леонид Пашечник, изјави дека една третина од Северодонецк е „веќе под нивна контрола“, но напредувањето на Русите е помалку брзо од очекуваното.

Со растот на интезитетот на руските напади врз Северодонецк, руските сили гранатираа и делови од североисточниот дел на Украина.

Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка. Руската армија се обидува да собере огромни сили во одредени области за да изврши сè поголем притисок врз нашите бранители. Таму, во Донбас, сега е собрана максималната борбена моќ на руската армија“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Украинските сили соопштија дека успеале да ги протераат Русите од селото Тошкивка на југ, и претпоставуваат дека тоа го зголеми притисокот во Москва па сега ја опколи областа.

Украинската армија, исто така, соопшти дека нејзините сили ги потиснале руските трупи на одбранбените позиции во Андријивка, Лозове и Билохорка, села на јужниот брег на реката Инхулетс што ја формира границата на провинцијата Херсон, каде Москва се обидува да ја зацврсти контролата.