Украинците продолжуваат да пружаат отпор во опколениот град Мариупол, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски што е спротивно на тврдењето на Русија дека го „ослободила“ стратешкото пристаниште на Азовско Море по речиси два месеца интензивно гранатирање кое предизвика илјадници смртни случаи и масовно уништување.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека руските сили го „ослободиле“ Мариупол и не нареди да се нападне комплексот на фабриката за челик Азовстал, каде што се кријат неколку илјади украински војници заедно со уште илјадници цивили.
Украинската армија информира дека руски единици се обидувале да се пробијат јужно од градот Изјум во областа Харков за да опколат група украински сили во регионот на Донбас.
Армијата соопшти дека вчера одбила 10 напади во регионите Доњецк и Луганск, а информира и дека во последните 24 часа соборила 15 руски авиони.
Вториот по големина украински град Харков, на североистокот на земјата, под интензивно руско гранатирање, изјави градоначалникот Игор Терехов
Русија им забрани на 29 американски политички функционери, медиумски личности и бизнисмени да влезат на нејзина територија како одмазда за санкциите што Вашингтон ги воведе кон Москва поради нејзината инвазија против Украина.
Во списокот објавен од руското Министерство за надворешни работи се и основачот на Фејсбук и шеф на интернет гигантот Мета Марк Цукерберг и американската потпретседателка Камала Харис.












