ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА СЛОБОДНА – ИЗЛОЖБА НА БИТОЛСКИОТ АРХИВ

Во рамките на одбележувањето на 80 годишниот роденден на Битола, Општина Битола во соработка со Државниот Архив – Одделение Битола ја отвори изложбата насловена „Битола – слободна!“

Во градот на конзулите и првите балкански сниматели, ниту една прослава на годишнина на Битола не изминува без одбележување или сеќавање на браќата Манаки. Овојпат сепак се работи за изложба поврзана со нивната вистинска улога – регистрирање на моментите за историјата.

На изложбата има и документи од кои е испишана историјата на народно-ослободителното движење непосредно пред борбените активности за ослободување на Битола. Започнало со ослободување на Карамани, а потоа борците на 49-та дивиза победоносно марширале низ Битола.

По капитулацијата на Бугарија, во Битола и околината останале само Германците кои не можеле да издржат под налетот на македонските борци во чии редови влегувале Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред и Леринско-костурската бригада. Преку селата Крклино и Могила од една и Кравари, Бистрица и Породон од друга, македонските борци им нанеле тешки загуби на Германците кои се разбегале кон Грција и Албанија по што утрото на 4 ноември биле поздравени низ улиците на ослободениот град.