На сцената на Центарот за култура, битолската публика и гостите од други градови со долготрајни аплаузи го наградија актерот Иван Босиљчиќ, кој глуми, пее, рецитира поезија. Во Битола докажа дека е миленик на публиката од целиот регион.
„ Се гледа дека овој град има негувана публика, се гледа дека имате фестивали, се гледа каков е Центарот за култура, театарот, се гледа колку имате сцени, едноставно се гледа се. Се познава дека секој од оваа публика е културно едуциран и дека има потреба од убавина и од добрина.Јас уште на почетокот на оваа вечер истакнав дека целта е да се потсетиме без оглед каков е светот надвор и околу нас, да се потсетиме дека убави и добри работи сеуште има, бидејќи убавите работи ќе го спасат светот“, изјави Босилчиќ на почетокот на разговорот со Весна Шеровска.
Публиката во Центарот за култура ја воодушеви со изведбата на „Битола мој роден крај“. За истата ни изјави:
„Јас таа песна ја научив кога вашиот Тоше ја издаде во својот албум на народна музика, тој беше вистински амбасадор на македонската култура.Тогаш со сите мои соиграчи, фолклористи, етномузиколози ги научивме песните од збор до збор.После тоа мојата сопруга која исто пред некое време тука имаше фантастичен концерт и средба со публиката ми рече: Ти мораш обавезно да им ја испееш Ако одам во Битола.Јас тоа го знаев од претходно и само чекав прилика кога можев да ја испеам.И да ви признаам тоа ми беше момент кој ќе го паметам целиот свој живот“.
Го запрашавме зошто ја избра руската сцена за развивање на својата кариера, а не холивудската.Еве што тој ни рече:
„Знаете, јас сум источна душа.Јас сум љубител на истокот и истокот мене ме прифаќа.Јас сум народен актер.Каде и да одам во ова поднебје одам меѓу својот народ.И токму тој народ знае дека јас за него создавам и за него се молам. Тоа се однесува и на народот во Русија, ние сме словенски души, корените ни се заеднички, тоа е нешто што се чувствува.Бев и на западот, таа форма на инспирација е интересна, но моментално не се вклоува во мојата душа.Јас сум актер, човек кој е создаден за ова наше поднебје и се поврзано со тоа“.
Тој е во брак со пејачката Јелена Томашевиќ, која исто така има настапувано на сцената во Центарот за култура. Повеќе од една деценија Босиљчиќ доминира на ТВ. екраните, на филмското платно и на театарските сцени. Со голем успех ги претставува и своите авторски проекти за љубителите на поезија и музика.
Останатиот дел од разговорот во следното видео.












