Од ЈП Нискоградба од Битола информираат дека нивни екипи од утринските часови се на терен за отстранување на дефектот кој се јави викендов на фекалната канализација на ул. Партизанска кај Веро.
Извршено е и снимање со камера на трасата и до крајот на денот ќе се изврши интервенција на канализацијата со специјализирано возило за таа намена, се вели во информацијата од ЈП Нискоградаба Битола.












