ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИ ТЕАТАР ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕМИЕРА НА ОХРИДСКО ЛЕТО И МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО ВЕРОНА СО ПРЕТСТАВАТА „КОРИОЛАН“

Во Народниот театар Битола се одржа прес конференција по повод најновата претставата „Кориолан“ на Шекспир, во адаптација и режија на американскиот режисер Џон Блондел. На 15 јули, со почеток во 20:00 часот, една од најмоќните политички трагедии на Вилијам Шекспир, ќе оживее под отворено небо, во магичниот амбиент на Предворјето на црквата „Св. Софија“, како дел од програмата на Охридско лето. Беа споделени и информации за претстојните фестивалски настапи, вклучително и светската премиера на претставата на Verona Shakespeare Fringe Festival во Верона.

 

„Кориолан“ е дело кое што за прв пат се поставува на театарските сцени низ Македонија. Имаме една голема екипа која што е спремна да се соочи со предизвикот на македонска и светска премиера на „Кориолан“. Како и за сè останато, така и за овој тип на реализација на претстави, Битолскиот театар секогаш бил пионер во некои работи. Продолжуваме да се однесуваме така и да бидеме чекор-два пред сите останати и нашите премиери после подолго време конечно да се случат и на сцените надвор од Балканот, во европски земји, на што сум искрено горд“, истакна на почетокот директорот на НТБ, Васко Мавровски.

 

Ова е петта соработка на Џон Блондел со Народниот театар Битола – партнерство кое низ годините донесе препознатливи и високо оценети театарски остварувања.

Во претставата играат и Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска, Сандра Грибовска Илиевска.

Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски. Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски.

Со впечатлива актерска игра, минималистички сценски израз и исклучителната атмосфера на „Св. Софија“, оваа продукција ветува силно и незаборавно театарско доживување.