Тим од битолски средношколци кој учествува на натпреварот ,,Средношколец милионер” успеа да се стигне до полуфинале. Нивната бизнис идеја како со примена на вештачка интелегенција да решаваат практични проблеми во туристичкиот сектор сега продолжува во третата фаза од напреварот.
Во следната фаза низ само 90 секунди ќе треба да ја презентираат својата бизнис идеја.
Нивната бизнис идеја ги користи модерните технологии за да понуди ефикасни и брзи решенија на проблемите со кои се соочуваат хотелите.
БИТОЛСКИ ТИМ ВЛЕЗЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“













