ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИ ОДДАВАА ПОЧИТ НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТИТЕ ЛИЦА ВО КОЧАНИ

На плоштадот „Магнолија“ битолчани денеска оддаваат почит на трагично загинатите во големата трагедија во Кочани.

Цвеќиња, испишани пораки, свеќи се оставаа пред споменикот на плоштадот.

Во Македонија е прогласена седумдневна жалост за трагично загинатите лица во дискотеката во Кочани.

Во Битола и народниот театар и библиотеката соопштија дека се одложуваат сите културни настани кои беа на нивниот репертоар, односно програма за оваа недела.

 

Знамињата во Општина Битола се спуштени на половина копје.