Вкупниот број на запишани избирачи за овие локални избори во Општина Битола беше 77.253 гласачи. Излезноста како што веќе е познато беше пониска споредбено со други изборни циклуси и стигна до 48,21 проценти или на гласање излегле 37.241 гласачи.
Освен помалата излезност за овие избори, каратеристично е дека имаше и поголем број неважечки ливчиња, споредбено со локалните избори во 2021 година.
На 19 октомври оваа година кога се броеја гласовите, во Битола беа изброени и вкупно 2.453 неважечки ливчиња на изборите за градоначалник. Или гласале 37.241, од нив важечки биле 34.788.

А, како беше на изборите во 2021 година.

Бидејќи тогаш имаше и втор круг за избор на градоначалник, на него бројот на неважечки ливчиња беше 942.
Се враќаме во 2025 година, односно на овие локални избори, но за гласањето за совеничките листи. И тука имаме висока бројка на неважечки ливчиња.

Споредбено со неважечките од гласањето за градоначалници, помалку има неважечки ливчиња за советничките листи, односно 197 ливчиња помалку.
Бројот на неважечки личиња пак во 2021 година кога се гласаше за советници беше 1.776, што е исто така помалку споредбено со сегашните избори.
А, од општините од овој регион на изборите за градоначалници, еве колку неважечки ливчиња имаше.

Или освен понискиот одзвив на излезност, овие избори се анализираат и од аспект на поголемиот број на неважечки ливчиња.

















