ТЕРА

REKLAMA???

БОГАТА ПРОГРАМА ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

Офицерскиот дом во Битола е еден од најзначајните културно-историски објекти во Битола кој е во централното градско подрачје. По реставрирањето денес сите можеме да се убедиме во неговата убавина и импозатност. Концертната сала го има некогашниот надалеку препознатлив сјај, имено токму оваа сала беше душата за концертите на Битола.

„Голем број на активности, голем број на проекти каде се вклучени и афирмираните и неафирмираните автори, оваа година се дел од програмските активности, а тука е пред се возобновувањето на Серенадата“, истакна директорката Лили Бошевска.

Тука се и концертите на класична музика, концертот на реномиран пијанист за кој јавноста ќе биде наскоро запознаена.

Дел од просториите се празни, но планирани се веќе проекти и поставки за надополнување на целокупниот простор со што Офицерски ќе си го добие својот комплетен сјај. Тука е и стручната комисија за ликовна уметност и галериска дејност.  Неодамна со пренесувањето на пијаното „Безендорфер“ од битолскиот Завод и Музеј, во Офицерскиот дом,  концертната сала прерасна во една од најекслузивните концертни сцени за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство.

Обновениот Офицерски дом во Битола, минатата година со свечената академија, по повод Денот на ослободувањето на Битола, беше свечено пуштен во употреба.