Веселата математика на СДСМ не може да го покрие фактот дека општина Битола работи во интерес на сите граѓани, стои во реакцијата на советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски на прес конференцијата на Корлевски од СДСМ.
„А точната математика за СДСМ е следна и истата може да ја проверат со екс градоначалниката на СДСМ која е професор по математика.
Во првиот квартал извршувањето на буџетот е рекордно за последните 5 години и тоа е факт!
А тоа е така бидејќи реално на терен се работи.
Голема лага е дека повеќе се трошело од тоа што било собрано, односно во веселата математика на СДСМ е влезен и пренесениот вишок
Во прес конференцијата само заборавивте да ги споменете ненаплатените приходи по однос на несобрани даноци од кои голем дел се застарени, пишува Бојкоски во реакцијата.













