ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ НА СДСМ УШТЕ ЛАНИ ИМ ПОРАЧА ДА СИ НАЈДАТ ЖРТВЕНО ЈАГНЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

Новите локалните избори се очекува да бидат распишани или на крајот на јули или почетокот на август, а ќе се оджуваат во октомври, кога ќе треба да се избере и нов градоначалник на Битола и нов состав на Советот на Општина Битола.

Речиси и да нема место и време кога ќе се најдат заедно политичките противници, а да не си кажат кој е подобар, кој бил полош, кој ќе освои новата локална власт. Така беше и на ланската седница на Советот кога Бојкоски, координаторот на ВМРО ДПМНЕ, им кажа на СДСМ кој ќе победеле годинава во октоври на локалните избори. Рече тоа ќе биде ВМРО ДПМНАЕ, а нов градоначалник на Битола ќе биде актуелниот Тони Коњановски, а на СДСМ и порача да си најдат жртвено јагне за овие извори.

И во интервју за Актуел на Тера ланската година, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ и пратеник Пеце Милевски зборуваше за поддршката што ја имал Коњановски.

Минатата недела партијата кажа дека Коњановски ќе ја води политичката битка, односно ќе ја бара довербата на битолчани за втор градоначалнички мандат.