Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски обави дека Судот пресуди дека советниците на Левица се виновни за клевета, во спорот што тој го имаше со нив.
„Бев лажно наклеветен, а ја кажував само вистината. Зашто совеста ми беше сведок, а вистината штит! Вистината можеби доаѓа бавно, можеби оди тивко, но секогаш стигнува каде што треба.
Како што рекол Винстон Черчил: “Вистината е неприкосновена. Може да се напаѓа, но никогаш не се уништува”!
Левица треба да знаат: “Се што е прикриено, ќе биде откриено и секоја тајна ќе биде јавно изнесена”.
Jac ќе продолжам по патот на вистината“ напиша Бојкоски на својот Фејзбук профил.












