ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ТУКА ВИ Е ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ, МУДРО ЌУТИ И ВЕ ОСТАВА ДА СЕ ДАВИТЕ

На расправата за европските пари, односно средствата за водоводна и канализациона мрежа на седум улици, на седницата Бојкоски повика сите да се обединат околу оваа точка.

Но, наместо обединување се случи разединување и тоа по втор пат Советот кажа не за давање согласност Коњановски да стави потпис на грантот, земен од претходната влада, а проект кој се реализира преку министерството за животна средина и се однесува на сите општини, а не само на битолската. И стана Николовски, но репликата му беше за анкетите на ВМРО ДПМНЕ.

„Би сакал да почнам со една изрека, со лага ага не се станува, односно доколку ВМРО ДПМНЕ беше убедена во победата на локалните избори, а ја немаше зафатено големата паника од  анкетите кои што се спроведуваат во нашиот град за 65 проценти незадоволство од работењето на Тони Коњановски и ВМРО ДПМНЕ, немаше на оваа седница да шири хистерија и да клевети. Преѓе не станав да реплицирам на колегата Бојкоски бидејќи се служи со лаги и клевети“ рече советникот од СДСМ, Петар Николовски.

На политичкиот говор, Бојкоски го потсети Николовски кој го зеде кредитот.

„Жалам што колегата Николовски ги лажи во очи граѓаните и му кажува дека ќе се земел кредит и тие ќе требало да го плаќаат, кредитот го зедовте вие колега, вашата влада. Ви кажав, дали ние ќе ги искористиме финансиските средства или не, ќе биди плаќан. Е сега борбата е дали ние ќе ги искористиме средствата или не. После да не биди Скопје ни е криво“ возврати Бојкоски.

А потоа, рече тука бил во Битола. Па зборуваше и за некаква гума за спасување.

„Не Скопје, тука е во Битола. И јасно е наведено во одговорот од Министерството за животна средина, а можи да си ја прашате и потпретседателката во партијата која што беше министерка за животна средина. До вас е потпретседателот на партијата, втор чоек в партија е. Прашајте го ќе ви кажи. Не гледате дека мудро си ќути и ве остава да се давите, една гума фатете се, нека ви фрли една гума да не се давите. Немојте така. Овие проекти убеден сум дека вие нема да ги поддржите и затоа безпредметно е да се дебатира и да се разговара на оваа тема, биејќи вие не сакате да се зборува со факти, вие сакате да кочите, да опструирате, ама тоа нема да ви излези на арно“ рече Бојкоски.

На гласањето двете точки поврзани со овој грант не поминаа, но не со гласови против туку со 17 воздржани, за што ВМРО ДПМНЕ ќе речи дека по втор пат СДСМ одбива европски пари.