ТЕРА

REKLAMA???

БРИСЕЛ ПРЕПОРАЧА КАНДИДАТСКИ СТАТУС ЗА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА

Украина и Молдавија треба да станат кандидати за членство во ЕУ, препорача Европската комисија, откако двете земји во забрзана постапка посакаа да станат дел од европското семејство, пишува Дојче Веле.

„Украина јасно ги покажа аспирациите и одлучноста да ги исполни европските вредности и стандарди“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека земјата ќе мора да спроведе голем број реформи.

„Сите знаеме дека Украинците се подготвени да умрат за европската перспектива. Ние сакаме тие да живеат со нас за европскиот сон“, рече Фон дер Лајен.

И Молдавија доби позитивна препорака од ЕК. Последниот збор за кандидатурите на двете земји ќе го имаат лидерите на земјите-членки на ЕУ, чиј самит е закажан за 23 и 24 јуни. Неколку ЕУ членки веќе изразија резерви околу кандидатурата на Украина, но Киев ги доби симпатиите на Германија, Франција и Италија, чии лидери во четвртокот ја посетија завојуваната земја и се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски.