ТЕРА

REKLAMA???

БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД ПОЧНА ДА ЈА НАДМИНУВА БРОЈКАТА ОД НАД 100 НОВИ СЛУЧАИ

Во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 91

• Битола – 12

• Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10

• Велес – 9

• Прилеп – 5

• Штип и Струмица – по 3

• Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2

• Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар – по 1

Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од:

• Скопје – 59

• Куманово и Битола – по 7

• Охрид – 5

• Кавадарци и Штип – по 3

• Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен– по 1

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.101 тестови преку: ИЈЗ-184, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-17, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–103, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-21, Биотек-66, Систина-51, лабораторија Лаор-22, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-5, Генеа-8, Никоб Лаб-36, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-7, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 377.

Во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022) направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (180), регистрирани се 29 реинфекции.

Во последните неколку денови бројот на заразени со ковид постепено почна да ја надминува бројката од над 100 нови случаи. Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на кој ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19. Дали на утрешната седница комисијата ќе донесе рестриктивни мерки, министерот кажа тоа ќе зависи од неделните анализи.

Дел од лекарите тврдат дека засега ситуацијата е мирна и нема потреба од кревање на никаква паника.

„Важно е дали и колку се зголемува бројот на сериозни и критични случаи, а за сега нема индиции за тоа. Ако бројот на хоспитализираните не расте, воопшто не е битен бројот на настинати, дури и е пожелен како природна имунизација“, вели микробиологот Никола Пановски.