ТЕРА

REKLAMA???

ВАЛТЕР: РАКОМЕТАРИТЕ ОДГОВАРААТ НА ЗАДАЧИТЕ ПОДОБРО ОД ОЧЕКУВАНОТО

Со максимално извршување на предвидената агенда на тренерот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги приведуваат кон крај базичните припреми во Маврово. Пет дена по ред пелистерци работат неколку тренинг сесии дневно, во комбинација на отворено и во сала. По утрешниот утрински тренинг тимот се враќа во Битола.

„Играме помалку и ракомет на два гола секојдневно и можам да видам како напредуваме секојдевно и тоа ме прави среќен. Без разлика што ни следува мора да бидеме спремни за предизвиците во август. Ќе бидеме спремни!“, вели тренерот Валтер.

Утре попладне пелистерци се враќаат во Битола и ќе добијат два слободни дена.