Свеченото отворање на новото издание на БИТ ФЕСТ 2022, со нов концепт и многу културно – уметнички содржини започнува од Античкиот театар Хераклеја Линкестис, со концерт на еден од најдобрите македонски женски вокали, македонската поп дива, нашата битолчанка Каролина Гочева.
Не пропуштајте да бидете заедно со Каролина и безвременските песни од целата нејзина музичка кариера, порачаа од општината.
Оваа година Општина Битола, посветува посебно внимание на поддршка и промоција на македонската културна сцена, традиционалните манифестации и содржини и висококвалитетните филмски, театарски и други сценски уметности, кои ќе овозможат квалитетни културни настани и активен културен живот во Битола, за сите генерации, во текот на целото лето.
Концертот е вечерва од 21:00 часот на Хераклеја.












