Вечерва на Коледе пред секоја врата ќе светне големата Божиќна Пештера, која ќе ја носат еден куп мали дечиња кои носат радосни вести дека ќе се роди спасител. Нашите Бадникари веќе почнаа да ја шират радоста и топлината во секој дом во Битола и беа пречекани од повозрасните, порачаа од Бадникови поворки Битола.
Оваа убавина, овие чекори и детската радост што се разлева низ маалата, решивме да ги зачуваме и во видео, снимено додека одиме од куќа до куќа, од врата до врата. Во секој кадар се чувствува духот на Коледе и песната што одекнува и ги грее домовите.
Коледе е жив обичај, наследство што не се заборава и љубов што се пренесува преку најмладите. Токму тие, со своите гласови и чисти срца, нè потсетуваат на вистинските вредности што ви ги пренесуваме преку оваа видео кое грее душа.
А утре, со истата таа радост и со истата светлина, продолжуваме заедно на Бадниковата Поворка, носејќи ја Бадниковата ѕвезда во 12часот пре Плоштад Магнолија, а потоа кон Офицерскиот дом. Ве чекаме со голема љубов утре!
На утрешната Поворка ќе се пее Каландата ,,Вечниот Бог”. Се гледаме утре во голем број, од многу грла да ја испееме песната, со ѕвезда во раката да го најавиме Христовото Раѓање!, порачаа од Бадникови поворки Битола.














