ТЕРА

REKLAMA???

„ВЕЧЕР НА ФЛЕЈТИ“ ВО БИТОЛА

Во КИЦ. – Офицерски дом Битола се одржа „Вечер на флејти“ организирана од страна на класата по флејта на проф.Александар Стефановски од средното музичко училиште во Битола. На овој свечен концерт настапија Леона Мариќ, Ана Трсунова, Софија Петкоска и Ана Матеска, во придружба на проф. м-р Горјана Стојановска. На сцената се изведуваа дела од Моцарт, Штамиц, Шаминад, Хју и Морлачи во соло-изведба на младите флејтистки. 

​Овие ученички имаат долга историја на настапи на концерти и натпревари, државни и меѓународни. Постигнуваат одлични резултати со бројни награди. Овој концерт беше организиран со цел да се прикаже напредокот на ученичките во текот на учебната година. На овој начин, во салата на офицерскиот дом се промовираше Државното музичко училиште како училиште кое нуди допир кон класичната музика и уметноста. 

Како заокружување на концертот и соло-изведбите, флејтистките заедно го изведоа квартетот за флејти од Александар Черепнин.