ТЕРА

REKLAMA???

ВИКЕНДОВ МНОГУ ТОПЛО, СЛЕДНАТА НЕДЕЛА НЕСТАБИЛНО СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Денес и за време на викендот ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град.

Во текот на следната работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Од управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.