ТЕРА

REKLAMA???

ВИСОКА ЗАГАДЕНОСТ НА ВОЗДУХОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Висока загаденост на воздухот во центарот на Битола. Ваква состојба регистрираше мерната станица Битола 2 во центарот на градот пред управната зграда на Ј.П. „Стрежево” до СВР Битола.

Се работи за тип на станица која го следи загадувањето од сообраќајот.



На страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање за мерење на квалитетот на воздухот во Македонија, Битола има индекс: ЛОШО.
И други страници кои известуваат за квалитетот на воздухот алармираат за висока загаденост во центарот на Битола, означувајќи го квалитетот на воздух како нездрав.