Манипулациите на СДС на штета на граѓаните продолжуваат во континуитет, рече Ѓорѓи Ѓорѓиевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.
„На државно ниво, за жал преку груби удари врз македонскиот идентитет, а обидувајќи се да направат локално дефокусирање шират невистини за непостоечки долгови на општината.
Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски, за првиот квартал на годината имаат највисок процент на реализација на општинскиот буџет за последните 5 години, што ја отсликува реалната состојба на работни активности во урбаниот и руралниот дел на општината.Почитувани од СДС, чесно и доблесно е да погледнете наоколу и да признаете дека:Локалната самоуправа е отворена за сите граѓани, нема закочени процеси и недостапен градоначалник.
Во Битола се гради, асфалтирани се 12 улици,се работи на 4 улици. До крајот на овој месец ќе започне реконструкцијата на уште 6 улици.Уредени се неколку детски паркови, а Нова Битола ќе добие нов градски парк.
Од капиталните проекти, во тек е конкурс за идејно решение за спортско – рекреативен центар, а се работи и на постапката за изградба на нова противпожарна зграда.
И не само тоа, податоците говорат дека општината активно работи на зголемување на својата транспарентност, а граѓаните во секој момент можат да добијат потврда за направените трошоци од општинскиот буџет, каде во кварталниот извештај јасно стои дека вкупно досепеани ненадмирени обврски биле околу 14.402.344 денари при реализиран основен буџет на општината во првиот квартал во износ од 246 823 713.
Почитувани од СДС,
Вашата весела математика, не одговара на јавно достапните факти.Општина Битола, не е штедилница, туку ефективна општина, која работи во интерес на сите граѓани.Промените се видливи, проектите се работат, а се бараат и решенија за последиците од неодговорното четиригодишно владеење на СДС.
Потврда за дефокусирачкиот и манипулаторски однос на локалната опозиција е токму состојбата на овој дел на улицата „Партизанска“, реконструирана за време на мандатот на штедилницата на СДС, од која како локална самоуправа наследивме обврски во висина од 209 милиони денари“, рече Ѓорѓиевски.












