Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Павловска од пред зградата на Националната установа „Завод и музеј“ Битола соопшти дека поднесуваат барање за пристап до информации од јавен карактер.
„Во духот на транспарентноста и европските вредности како што е и проектотот Smart4You2. По втор пат ја повикуваме директорката да одговори на следните прашања. Кој е проектниот тим од музејот во европскиот проект Smart4You2?
Дали вашиот сопруг е дел од проектниот тим? Дали сметате дека не е конфликт на интереси што вашиот сопруг сте го номинирале да биде дел од проектниот тим? Колку надворешни лица се ангажирани за имплементирање на проектот?
Дали е вистината дека во рамките на проектот сте склучувале анекс договори при реконструкцијата на Пациото? Колку чини реконструкцијата на Пациото?
Директорке сега нема каде да бегате и да се криете во рок од 15 дена јавноста ги чека одговорите на овие прашања! “рече советничката Павловска.












