ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ НАСИЛА И НЕЗАКОНСКИ САКА ДА ИМЕНУВА ДИРЕКТОР

СДСМ и Министерка за труд и социјална политика Тренчевска спроведуваат незаконска постапка за избор на старо-новата директорка Лидија Тфирст Митревска во градинката ЕО Мара, рече денеска Анета Ѓорѓиевска, советник од ВМРО ДПМНЕ.

„Јавно прашуваме дали е точно дека кандидатот за директор на градинката Естреја Овадија Мара не ги исполнува законските услови да биде реизбрана.

Дали е точно дека на незаконски начин и спротивно на деловникот за работа на Управниот одбор се свика седница во доцните вечерни часови во текот на вчерашниот ден. Ваквото брзање и закажување на седницата на управниот следи по барање на членовите од управниот одбор предложени од општината за доставување на доказ за валидност на дипломата за англиски јазик која директорката најверојатно ја нема. Основано се поставува прашањето дали СДСМ со насилие сака да ги остави неуспешните кадри на директорски позиции без да ја прифати реалноста дека граѓаните на локалните избори избраа промени.

Почитувани граѓани,

Очигледно е дека СДСМ сакаат по секоја цена и со сила сакаат незаконски да именуваат директор во градинката Естреја Овадија Мара и не бираат средства да ги заштитат своите директори. Почитувани од СДСМ треба да ви стане јасно дека заврши времето кога со закани, уцени, апсења и специјални обвинители сеевте страв и владевте, вашето владеење во локалната самоуправа е завршено.

Во оваа прилика сакаме да ги охрабриме членовите на Управниот одбор во градинката Естреја Овадија Мара да не потпаѓаат под притисоците кои ги вршат високи локални партиски функционери и да донесат одлука која ќе биде спротивна на законот, бидејќи носењето на одлука која ќе биде спротивна на законот ќе биде соодветно процесуирана. СДСМ сеуште ја нема научено лекцијата од локалните избори и затоа уште долго ќе биде во опозиција“, рече Ѓорѓиевска.