ТЕРА

REKLAMA???

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО ЗА ПРАЗНИКОТ НА ВИНОТО И ЉУБОВТА

Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш! Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Ова беа дел од пораките кои денеска на минувачите на битолски Широк Сокак и на возачите им ги посочија од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и полицијата, по повод Денот на виното и љубовта, Св Трифун и Св.Валентај, а во рамки на кампањата насловена „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“.

„Денес е празникот на виното и љубовта. Затоа РСБСП во соработка со МВР, со Секторот за превенција од Битола и општинскиот Совет за безбедност на патиштата ќе реализираат одредени активности. Денес на возачите ќе им делиме превентивно едукативен материјал. Ќе ги потсетиме сите дека љубовта оправдува многу нешта, но не загрозување на безбедноста во сообраќајот. Затоа апелираме: Ако возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш, ако возиш користи такси услуга и јавен градски превоз. За онај што го сакаш и за оној што тебе те сака, почитувај ги сообраќајните правила и прописи, вози одговорно, грижи се за сите учесници во сообраќајот“, рече Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

Од полиција велат дека ваквите кампањи за подигнување на свеста за сообраќајната култура вродуваат со плод, така што статистиката покажува намалување на бројот на сообраќајни незгоди и бројот на жртви.

„Денес упатуваме апел до возачите и мунувачите во центарот на Битола да го прослават достѕојно празникот на виното и љубовта, да не управуваат моторни возила доколку планираат да конзумираат алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Овие активности и кампањи коишто секојдневно на различна тематика ги спроведуваме како СВР Битола, сакам да кажам дека вродуваат со плод, со тоа што ни се во намалување сообраќајните незгоди, посебно сообраќајните незгоди со жртви. Можам гордо да кажам дека месец јануари немаме ниедна жртва и го продолжуваме трендот од минатата 2021 година и се надеваме дека со почитување на сообраќајните правила и прописи тој тренд ќе го задржиме и понатаму“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Уште еднаш упатија апел до сите возачи на моторни возила да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот.